HOME
ARCHIVES
MAPS
LINKS
CONTACT US
.
МАКЕДОНИЯ  И  БЪЛГАРИЯ  -  АЛТЕРНАТИВИ  НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИЯТА
Д-р Мирјана МАЛЕСКА
БОЛНИ СООЧУВАЊА 
 (причините и последиците од безбедносната криза во Македонија)
Се додека српската војска и полиција го контролираше Косово и  границата меѓу Македонија и Косово, партиите на етничките Македонци можеа да го игнорираат  растечкиот  албански национализам. Така  некои барања за кои власта можеше и требаше да  најде разумни решенија како на пример, високото образование на албански јазик, се отфрлени со образложение дека  тоа е проблем со кој треба да се позанимава полицијата.  Со тоа несомнено го потхрануваа албанскиот радикализам. Последиците бргу се почувствуваа. Во Гостивар на 9 јули 1997 г. во вооружен судир мегу полицијата и демонстрантите од албанско етничко потекло, тројца луѓе загинаа а повеке се ранети, што го зголеми револтот на локалните Албанци. Причина - на општинската зграда се веело инкриминираното, албанското знаме! 14
       Интервенцијата на НАТО во Косово (1999), го голема мерка ја поремети дотогашната рамнотежа на моќ во овој дел од регионот  и му даде крилја на албанскиот екстремистички национализам. Српската војска и полиција се повлече од Косово, а меѓународните сили стационирани таму, како и македонската војска од другата страна на границата не успеава да  ја “запечатат” и да оневозможат илегално префрлање на луѓе, оружје и дрога. Прашањето за статусот на Косово, стана уште еден важен извор за нестабилност. 
       Така некои “структурни проблеми” како што е менување на постоечката рамнотежа на моќ и воспоставување на граница меѓу Македонија и СР Југославија меѓу Албанците кои дотогаш релативно слободно се движеле на  просторот, мегу Косово и Северозападна Македонија, се сами по себе извори на нестабилност или на незадоволство што може да се злоупотреби во политички цели. Економската исцрпеност на земјата со серијата војни и блокади во изминатите десет години спаѓа исто така во овој вид на “структурни” извори на нестабилност, претворајќи го големото социјално незадоволство во етнички конфликт.  Потребни се дополнителни согледувања но според некои првични изјави припадниците на ОНА се регрутирани првенствено од редот на млади, невработени луѓе кај кои социјалниот револт добива форма на екстремен национализам.15  Сите овие моменти, заедно со незадоволството од неефикасноста на власта и корупцијата во општеството доведе до безбедносна криза. Бидејќи локалните политичари не успеава да ја решат се инволвира меѓународната заедница за да спречи понатамошна десбилизација на земјата и регионот и евентуално нова бегалска криза. Резултатот од оваа криза е битно менување на карактерот на македонската држава од национална (унитарна) држава на македонскиот народ, во држава во која се зајакнати институциите на колективните права на етничките заедници, што не мора да води во понатамошна дезинтеграција на земјата. 
Домашни политички актери. Хронологија на кризата
         1. Кога при крајот на фебруари, во пограничното село Танушевци, за кое дотогаш мнозина граѓани на Македонија  воопшто не знаева дека постои, беа убиени тројца војници на војската на Македонија,со што започна кризата, коалиционата влада на премиерот Љ. Георгиевски, како и парламентот ги осудија “вооружените групи екстремисти” и побараа странска воена помош.16  Јавноста беше исплашена, збунета и неподготвена за она што ја очекуваше и треба да се каже дека во тој момент албанските политички лидери од Македонија покажаа висок степен на лојалност. Лидерот на ДПА, А.Џафери го предводеше мирниот марш низ улиците на Скопје а во овој контекст е изјавата дека, ако треба, ќе се брани територијалниот интегритет на Македонија. На почеток на март, кризата сеуште се третираше како пограничен инцидент кој се појави како резултат на одбележување на македонско- југословенската граница но кога стана збор за тоа како да се одговори на инцидентот, веднаш се забележаа разлики мегу македонските и албанските политички личности 17. Почетната конфузија се надмина и потребното единствено реагирање на големите парламентарни  партии на двете етнички заедници (мнозинството  Македонци и малцинството  Албанци), како одговор на кризата дојде до израз на партискиот самит кај председателот на државата. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП го подржаа територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија; се согласија армијата да ја запоседне македонската граница а КФОР да ја зајакне контролата од другата страна на границата. Заклучокот беше дека ”по завршувањето на операциите за неутрализација на вооружените групи екстремисти, треба да се засили политичкиот дијалог на сите легитимни политички партии за отворените прашања на меѓуетничките однси и наоѓање на соодветни решенија”. Партијата на етничките Албанци, ПДП имше резерви за формулата “неутрализација на екстремистите”. Нивниот став беше  дека не е потребно да се чека на “неутрализација” за да започне дијалог. “Македонската страна” упорно остана на мислењето  дека не може да се преговара под притисок на “екстремистите”. Подоцна ќе се види дека е тоа добар изговор за воопшто да не се преговара  со што ќе се нанесе ќе нанесе голема штета на мировниот процес. 
       2. Мегународната заедница исто така го осуди тукушто појавениот екстремизам и побара политичко решавање на прблемите: од  албанските лидери во Македонија и во Косово се очекуваше да отидат чекор понатаму и освен  јавната осуда на екстремистите,  да почнат преговори  со нивните водачи околу прекинот на оганот. Од лидерите на партиите на етничките Македонци и на етничките Албанци се очекуваше да  започнат веднаш сериозни преговори за политичко решавање на кризата. Владата, поточно премиерот и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ,  очигледно погрешно го протолкува сигналот на мегународната заедница за осудата на “екстремизмот”. Тие сметаа дека осудата значи   дозвола за зголемување на  употребата  на полицијата и војската во решавањето на кризата и одложување на дијалогот , ако воопшто постоеше искрена намера да се преговара.  На конференција за печатот, одржана на 26 март, по итната посета на Џ. Робертсон, генералниот секретар на НАТО и еврокомесарот Х.Солана, на Скопје, портпаролот на владата 18 изјави дека немало надвоешен притисок да се разговара “со албанските политички субјекти” зошто за тоа нема потреба. Тој дијалог, наводно траел десет години и не бил прекинат. Дадена е наредба за офанзива на македонската војска и полиција за разбивање на  вооружените герилски групи што пукаа од падините на Шар планина во правец на Тетово. 
       Инаку флоскулата “дијалогот не е прекинат и трае веќе десет години”, (и “прво победа, па разговор”) беа најомилениот изговор не само на политичарите туку и на македонските интелектуалци, да се избегне било каква промена во насока на поголемо учество на Албанците во “поделба на моќта”. Со тоа дадоа срамен удел во продлабочување на кризата.19
       Со “неутрализација на екстремистите”  односно со воената офанзива не се согласи лидерот на ПДП, И.Имери 20 , а кризта започна да излегува од контрола  со растење на бројот на цивилните жртви и бегалци од овој крај. Многу бргу стана јасно дека нема само воено решение кога се работи за меѓуетнички судир, особено ако судирот има политичка димензија. Колку повеќе се инсистираше на воено решение толку повеќе кризата се продлабочуваше, а  политичките ставови на коалиционите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, се оддалечуваа. Самата доверба мегу коалиционите партнери во власта веке беше во голема мерка разнишана уште пред почетокот на кризата. ДПА го обвинуваше премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љ. Георгиевски дека не го испорачал  она што им го ветил за време на председателските и локалнте избори, во замена за гласовите на Албанците. Така на пример, по локалните избори во 2000 г. во Тетово се одржа протестен митинг  во организација на ДПА. Од протестот, лидерите на оваа партија, која инаку ја делеше власта како партнер во владата на Љ.Георгиевски испратија јасна порака дека Албанците очекуваат статус на конститутивен народ, статус на државен јазик за албанскиот јазик и високо образование на албански јазик. Лидерите на оваа партија му ставја јасно до знаење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер дека стабилноста на Македонија е во нивни раце и дека треба да биде свесен за тоа. 
        3. Во април и мај 2001кога една фракција во власта (на ВМРО-ДПМНЕ) на чело со премиерот побара воведување на воена состојба, а албанските политички лидери се заканија со напуштање на владата и парламентот, Македонија се доближи  до самиот раб на  граганска војна.21
       Искрена желба за политички преговори изостана и веќе беше јасно дека владата на Георгиевски не сака да биде обвинета за “национално предавство” доколу преговара . Во истовреме, владата започна дипломатска офанзива свртувајќи се кон Русија во надеж дека ќе добие политичка подршка и кон Украина, особено заради купување на современо оружје како хеликоптери и воени авиони. На засилените воените подготовки и дејства на дел од владеачкиот естаблишмент, албанските политички партии реагираа со закана. Ќе ја напуштат владата и парламентот! Тоа значеше дека конфликтот се посигурно “лизга” кон граѓанска војна. Албанската герила која на почетокот беше составена пред се од Албанци од Косово, во текот на мај добива во масовност и веќе  околу 75% од нејзиниот состав од 3000 луѓе, го поолнуваа Албанци од Македонија 22. Во јуни,  премиерот призна дека има вооружен бунт на Албанците во Македонија. 
       За да се сопре граѓанската војна кон која без сомнение водеа собитијата,  мегународната заедница се зафати со интензивна дипломатска активност на релација Скопје - Брисел - Вашингтон. Идеата беше да се формира “голема” или “широка коалиција” составена од двете најголеми македонски партии (ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ) и двете најголеми албански партии (ДПА И ПДП). Вака формираната коалиција требаше да го “откочи” политичкиот дијалог  и да ги направи  потребните компромиси. Во мај пред очите на скептичната и разочарана македонска јавност се формира влада на широка коалиција составена од: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. 23 Иако од коалицијата се очекуваше да најде излез од кризата, политичките разлики не беа надминати како што се очекуваше и дијалогот и натаму остана “замрзнат”. Веројатно се потребни понатамошни истражувања за да се оценат последиците од  судирот меѓу фракциите во власта особено од судирот меѓу војската која беше под контрола на СДСМ и полицијата контролирана од ВМРО-ДПМНЕ. Засега во јавноста се слуша оценката дека откако се создала широката коалиција, Македонија изгубила многу од својата територија 24.
------------------------
14 Полицијата ја спроведуваше одлуката на Уставниот суд, дека истакнување на албанско знаме на зградата на општината, е спротивно на одредбите на Уставот на Македонија од 1991г. назад
15 При една од посетите на Тетово во текот на кризата, Ван Дер Штул, високиот комесар за права на малцинствата на ЕУ изјави дека мегу припадниците на ОНА има многу студенти од неформализираниот универзитет во Тетово. Во друга пригода, Мирхат Емини во интервјуто за Актуел од 8 јуни 2001, рече за кризата:”Јас тука гледам првенствено елементи на социјален бунт, тие млади луѓе горе се првенствено невработени, бесперспективни, разочарани..” 
Во интервјуто за Актуел од18 мај 2001г., доскорешниот секретар на партијата на етничките Албанци, ПДП, Махи Несими пишува: ””...вооружениот конфликт помеѓу Албанците и македонската власт е одраз на со децении акомулираното незадоволство на Албанците од нивната сеопшта положба. Представува израз на незадоволство, на незадоволството кое извира од срцето, од дното на душата. Ова незадоволство е општо, сенародно..” назад
16 На седница на македонското собрание на 18 март донесена е декларација со која се осудени “вооружените групи екстремисти”. Осудата беше подржана не само од ДПА на А.Џафери, туку и од опозиционата албанска партија ПДП на И.Имери.назад
17 Во “Пулс” од 9 март се објавени неколку изјави на представниците на парламентарните партии. Г.Спасов од СДСМ се заложи за политичка и воена интервенција во соработка со меѓународната заедница. Н.Зибери од ПДП се заложи само за политички средства во решавање на кризата, и изјави дека состојбите околу Танушевци премногу се драматизираат. М.Тачи од ДПА изјави дека во Македонија немало  ќе нема етничко чистење. назад
18 “Утрински весник” од 27 март,2001г.ја пренесе оваа изјава на портпаролот на владата А.Милошовски. назад
19 Д-р Љ, Фрчковски, поранешен министер за одбрана и внатршни ранботи а во тек на оваа криза советник на председателот, во Дневник од 24-25 март пишува:”Ако им го скршиме рбетот на оваа качачка братија...може да биде почеток на процесот на распаѓање на албанскиот милитаристички екстремизам..Навистина, што чекаме..На сите им треба брза победа..Но најважна и политички најзрела фаза по победата над терористите треба да биде политичката понуда за разговори меѓу политичките субјекти во Македонија не мегуетнички план. назад
20  “Војската пука со топови, а од другата страна има само куршуми а можеби и гранати” изјавил И.Имери, според “Утрински весник” од 23 амрт,2001, текст:”Партиските лидери по средбите со европската тројка”. назад
21 На 10/11 март дневниот весник “Македонија денс” објави на целата прва страница “Ова е веќе војна”. “Изминатите 24 часа, известува новинарот М.Ѓуровски, е нанесен тежок удар врз македонските оружени сили и врз полицијата. На граничната линија кај Брест, Кодра Фура и Танушевци се води војна... ситуацијата засега не може да се стави под контрола и поради избивање на жариште кај селото Брест, па постои страхување за проширување на вооружениот конфликт долж македонско-југословенската граница кон Косово. Државното раководство е во паника и е изненадено”. назад
22 Во интервјуто за “Дневник” од 26 септември 2001, францускиот амбасадор во Македонија Жан Франсоа Терал изјави: ”Пресвртот дојде некаде во мај. Тоа се случи кога како одговор на надворешната агресија македонската војска одговори со многу силни воени средства, односно бомбардираше македонски села. Според нашите процени кои се совпаѓаат  с процените на другите, оттогаш составот на ОНА беше: 25% луѓе днадвор, одн. надворешни агресори а остатокот се состоеше од македонски Албанци кои им се придружија” 
 Ова го потврдува и сегашниот министер за одбрана, Д-р В.Поповски кој според “Утрински весник” од 15-16 декември изјави дека за неуспехот е виновно дезертерство кај војската на почетокот на кризата, а потоа било доцна зошто терористите влегле во населените места и околу себе собрале огромна маса на месно население “што се преобразиле во романтично насочени востаници за некакви човекови права”. назад
23 “Општо е чувството, пишува уредничката на Актуел, Ј.Кочовска-Кртолица, дека Македонија има влада составена од мака, под притисок на оружјето и бандите на ОНА, под силен притисок на Вашингтон и Брисел и како резултат на мошне чудно изродената идеа на премиерот, кој наводно ги распаметил странците дека има намера да побара воведување на воена состојба .“ ( Актуел од 18 мај 2001).  назад
24 Според министерот за одбрана Д-р Владо Поповски во “Утрински весник” од 15-16 декември, 2001. назад
 
назад
 Web-designer: Plamen Ivanov - KOTA - Sofia - Bulgaria
 напред